Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со подршката на Деканот при Богословскиот факултет проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и под водство на професорите доц. д-р Дејан Борисов и асс. м-р Сашо Целески, Апсолвентите (2015/16) при Православниот богословски факултет во Скопје ги посетија црквите и манастирите од западниот дел на Република Македонија. Започнувајќи од гостољубивиот пречек на сестрите од манастирот „Св. Архaнгел Михаил“ во Варош, продолжувајќи кон манастирот „Св. Преображение“ во Зрзе, каде низ прекрасен и топол поучен разговор беа духовно поткрепени …
