Со благослов на Неговото Блаженство, Митрополит Скопски, Архиепископот Охридски и Македонски и на Прва Јустинијана, г.г. Стефан, на ден 31.03.2026 година, студентите на додипломски студии при Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје, заедно со професорите: проф. д-р. Дејан Борисов, доц. д-р Стефан Гоговски, доц. д-р. Дарко Анев и асс. м-р Александар Димитријов ги посетија следниве манастири и црковни храмови при Скопската епархија, на територија на Скопска Црна Гора: – Свети Никита(XIVв.), с. Горњани, – црквата Свети Ѓорѓи (XVIв.), с. Бањани, – Горни Свети …
На 17 март 2026 година, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје имаше особена чест да го пречека својот долгогодишен соработник, проф. д-р Дитмар Шон, директор на Институтот за Источни цркви при бискупијата во Регенсбург. Оваа посета претставува продолжение на една подолгогодишна и плодна соработка, која се темели врз заемна доверба, почит и заедничка заложба за развој на богословската наука и академската дејност. Присуството на проф. д-р Шон уште еднаш ја потврди неговата постојана поддршка кон Факултетот и неговата мисија. Во знак на благодарност …
На заедничка седница на Собранието на Отсекот за Социјална теологија и Религиологија и на Изборното тело за спроведување постапка за избор за пополнување на едно место за член на наставно-научниот кадар во звањето доцент, со научна област „Догматика“, при Катедрата за Религиологија, Философија и Социологија на Богословскиот факултет при Националниот и Каподистриски Универзитет во Атина, како редовен член на Изборното тело учествуваше и доц. д-р Борче Грамбозов, професор по Догматика на Православниот Богословски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Останатите членови на …
По официјална покана од Православниот богословски факултет при Универзитетот во Белград, претставници на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, учествуваа на свечената прослава по повод празникот на свети Сава. Настанот традиционално има особено значење за духовниот и академскиот идентитет на Факултетот во Белград. Во состав на делегацијата беа в.д. деканот проф. д-р Илче Мицевски – Игнат, в.д. продеканот проф. д-р Стефан Гоговски и проф. д-р Дарко Анев. Во рамките на празничната програма, в.д. деканот проф. д-р Илче Мицевски – Игнат и в.д. продеканот …
Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, за првпат воведува програми за доживотно учење, како дел од својата долгорочна заложба за континуирано богословско образование и општествена одговорност. Во оваа академска година се отвораат две програми, внимателно осмислени да одговорат на реалните духовни, образовни и пастирски потреби на современиот контекст, а истовремено цврсто втемелени во православното предание и богословската наука. Тие се наменети за поширок круг заинтересирани лица кои сакаат да го продлабочат своето знаење и искуство, без нужно вклучување во редовните студии. Програмата со …