Во среда, на 26 април 2017 година, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје го посети делегација од Богословскиот факултет „Патријарх Јустинијан“ од Букурешт, Романија.
Делегацијата беше предводена од протојереј-ставрофор Стефан Букиу, декан на Богословскиот факултет, придружуван од протојереј-ставрофор Константин Преда – продекан, протојереј Никушор Белдиман – директор на оддел и проф. д-р Димитру Сорика, професор по сакрална уметност.
Делегацијата се сретна со деканот, професорите и студентите од Богословскиот факултет, а свои пригодни обраќања имаа деканот протојереј-ставрофор Стефан Букиу, како и протојереј Никушор Белдиман, кој говореше за значењето на иконата низ призмата на омилитиката и катихетикта.
Делегацијата на Богословскиот факултет од Букурешт имаше средба и со Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, Претседател на Република Македонија, а за време на својот престој посети и повеќе цркви и манастири во Македонија.