Свети Климент Охридски одиграл голема улога во историјата и писменоста на словените. Тој е првиот словенски архиереј кој служел, проповедал и пишувал на словенски јазик.
Ова Денеска На Православениот Богословски Факултет „Св.Климент Охридски“ Го Истакна Ректорот На УКИМ Велимир Стојковски На Тркалезна Маса На Тема „Св. Климент Охридски И Неговото Духовно Наследство“, Која Се Одржува Во Рамки На „Деновите На Руската Духовна Култура Во Македонија“ Кои Завршуваат Утре Со Концерт На Ансамблот „Русија“.
– Светителот Климент се смета за првиот словенски писател кој не само што го продолжил преведувачкото дело започнато од Светите Кирил и Методиј туку оставил и свои значајни и пишани дела. Во Охрид тој ја организирал книжевната школа со што Охрид станал еден од најголемите центри на словенската култура. Охрид бил извор на писменоста на сите словенски народи, рече Стојковски.
Според него, Свети Климент Охридски одиграл голема улога во преродба на словенството. Благодарејќи му нему, нагласи ректорот, словените се вброија во големите народи кои го слават господа на својот роден јазик.
Амбасадорот на Русија во Македонија Олег Шчербак во своето обраќање рече дека многу е симболично што тркалезната маса се одржува на ден духовден кога, како што рече, ние се сеќаваме на нашите предци.
– Личноста на Свети Климент е многу важна во контекст на своето огромно историско значење од гледна точка на духовното единство на рускиот и македонскиот народ, истакна Шчербак.
Порача плодна работа, а на учесниците им посака да откријат нови страни од богатото наследство на големиот Свети Климент Охридски.
На тркалезната маса се дебатираше на повеќе теми поврзани за охридскиот учител, меѓу кои за „Духовното наследство на Свети Климент Охридски“, „Климент Охриски во Русија“, „Свети Климент- македонска и словенска светлина“ .