Конкурс за запишување студенти на трет циклус академски студии – докторски студии на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје во академската 2025-2026 година

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, распишува конкурс за запишување студенти на трет циклус академски студии – докторски студии за академската 2025/2026 година, на следната студиска програма: Студиска програма: Теолошки студии Број на студенти: 5 Школарина: 4.500 евра во денарска противвредност Во школарината се вклучени трошоците за организирање на наставата, работилници и семинари, менторство, комисиите, управување со студиската програма, како и трошоци за истражување во висина од 1.200 евра. Во школарината не се …

Конкурс за запишување студенти на додипломски студии на студиските програми на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски”- Скопје во академската 2025/2026 година

Врз основа на член 110 од Законот за високото образование и Статутот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, согласно Одлуката донесена на 5.седница на Наставно-научниот совет, одржана на 04.06.2025 година, Деканатот објавува:   К О Н К У Р С за запишување студенти на додипломски студии на студиските програми на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски”- Скопје во академската 2025/2026 година Скопје, јуни 2025   Број на студенти и …

Достоен! – Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски пострижен за монах и ракоположен во јероѓаконски чин

blank

На 27 и 28 мај 2025 година, во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол, Скопје, се одржаа значајни духовни настани за Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Д-р Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и поранешен декан на истиот, прими монашки постриг и беше ракоположен во јероѓаконски чин, добивајќи го името Георгиј. На 27 мај, во навечерието на празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил …

Вторите Кирило-Методиеви научни средби се одржаа на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје

blank

На 22 мај 2025 година, во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и Институтот за национална историја, свечено се одржаа Вторите Кирило-Методиеви научни средби. Со својот благослов и присуство, настанот го удостоија Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско- пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар и Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички господин Марко. Пред присутните гости најпрво се обрати Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, која ја …

Вторите Кирилометодиеви научни средби ќе се одржат на 22 Мај на Православниот богословски факултет во Скопје

blank

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со Институтот за национална историја, има чест да ве покани на Вторите Кирилометодиеви научни средби, кои ќе се одржат на 22 мај 2025 година (четврток) на Православниот богословски факултет, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“, со почеток во 10:00 часот. Научните средби се организираат како продолжение на успешно воспоставената соработка меѓу двете институции, со цел понатамошна афирмација и научно проучување на делото и наследството на светите Кирил и Методиј – темели на словенската писменост, култура и …