Избор за претседател и членови на студентското собрание
Избор за претседател и членови на студентското собрание
По повод почетокот на академската 2025/2026 година, на 30 септември 2025 година, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец беше отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија и молебен – Призив на Светиот Дух за успешен почеток на академската година. На Светата Литургија и молебенот чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар, во сослужение со в. д. деканот на Православниот богословски факултет доцент д-р Илче Мицевски Игнат, професори од Факултетот кои се во свештенички чин, како и со свештенослужителите при манастирот „Св. …
На 23 септември 2025 година, во Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје му беше доделена благодарница за долгогодишна успешна соработка со Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања – Скопје. Благодарницата беше врачена на свечен настан организиран по повод јубилејот – 60 години од основањето на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во име на Православниот богословски факултет, благодарницата ја прими проф. д-р Дејан Борисов, кој истакна дека ова признание …
На 30 септември 2025 година (вторник), во 8.30 часот, во храмот „Свети Јован Крстител“ Капиштец, Скопје ќе се отслужи: Света Архиерејска Божествена Литургија, а потоа Молебен за почеток на новата студиска година и призив на Светиот Дух Присуството е задолжително за генерацијата новозапишани студенти 2025/2026, за студентите од сите студиски години, како и за професорите и асистентите. Со редовна настава ќе се започне на 01.10.2025 година. В. Д. Декан Проф. д-р Илче Мицевски – Игнат
Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје ги соопштува резултатите од вториот приемен испит за академската 2025/2026 година, кој се одржа на 15.09.2025 година. Известуваме дека процесот на селекција е завршен, а резултатите и листата на кандидати кои успешно ги исполнуваат условите за запишување се достапни на следниот линк. Веруваме дека новата генерација студенти ќе придонесе за развојот на православната теологија и ќе биде активен дел од црковната и општествената заедница.