![](https://pbf.edu.mk/wp-content/uploads/2018/09/Izvestuvanje-1-450x318.jpg)
Ве известуваме дека на 07.12.2020 г. (понеделник), со почеток во 10:00 часот ќе се одржи Четвртиот Светиклиментов научен собир на тема „Образование и заедничарење“, во организација на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Собирот ќе се одржи онлајн на платформата Зум (Zoom), а ќе може да се следи во живо на нашиот Јутјуб канал. Линк кон видео-преносот ќе можете да најдете и на веб-страната на Факултетот, како и на нашата Фејсбук страница.