Научна средба на тема „Свети Климент Охридски – 1100 години духовен светилник“
По повод патрониот празник и одбележувањето на големиот јубилеј – 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ја организираше 9-та Научна средба на тема „Свети Климент Охридски – 1100 години духовен светилник“. На научната средба, која се одржа на 6 декември 2016 год. (вторник) во НУБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, модератор беше ѓакон д-р Дејан Борисов, доцент на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје. На средбата говореше и проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, …
„Медал за заслуги за Македонија“ за протоереј проф. д-р Јован Таковски, поранешен декан и професор на Богословскиот Факултет
По повод одбележувањето 1100 годишнината од блаженото упокојување на свети Климент Охридски, великиот учител, чудотворец, просветител и светител, во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје беа одржани централни празнични богослужби (Вечерна и Литургија), како и Свечена академија под покровителство на Претседателот на Република Македонија. По тој повод, на долгогодишниот професор и прв декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од редот на редовните професори, протојереј – ставорофор проф. д-р Јован Таковски, од страна на Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Инванов, …
Средба на студентите од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје со студентите од факултетот за исламски науки – Скопје
Од средбата на студентите од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје со студентите од факултетот за исламски науки – Скопје на тема „Улогата на верските заедници во развојот на младите“, во организација на фондацијата Конрад Аденауер. Средбата се одржа на 30. ноември 2016 година и на неа се обратија доц. д-р отец Милан Ѓорѓевиќ од Православниот богословски факултет и доц. д-р Хасан Џило од Факултетот за исламски науки. Модератор беше доц. д-р Иванка Додовска од Правниот факултет „Јустинијан први“ во Скопје, а собирот …
200 години од објавувањето на “Огледало” на игумен Кирил Пејчиновиќ
Ден на науката во Ректоратот на УКИМ
На 11. ноември 2016 година во Ректоратот на УКИМ беше одбележан Светскиот ден на науката за мир и развој. Настанот го отворија рекоторот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски и проректорот за наука проф. д-р Владимир Петрушевски. Православниот богословски факултет учествуваше на настанот со свој штанд, на кој беа изложени иданија на наставниците и соработниците на Факултетот објавени во текот на последните пет години.