МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ ЗА ЦРКВИТЕ ВО РОМАНИЈА, ГРУЗИЈА, МАКЕДОНИЈА И ПОЛСКА

Во периодот од 12 до 14 септември 2017 година во Костанца, Романија беше одржан меѓународен симпозиум на тема: „Црквите во Романија, Грузија, Македонија и Полска. Форми на организација и лидерство низ вековите“, на кој учествуваа теолози, академици, универзитетски професори и научни истражувачи од повеќе земји, како и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, придружуван од Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент. Симпозиумот беше отворен со воведното изложување на Архиепископот Стефан, кој говореше на темата за „Автокефалноста во Православната Црква и непризнавањето на Македонската …

Студенти од Теолошкиот факултет учествуваа на Демирхисарската летна школа

По Божја промисла од 07 до 14 јули 2017 година се одржа првата Демирхисарска летна школа. Овој проект е дел од IV Демирхисарско културно лето – 2017, кое што од година во година – сѐ повеќе и сѐ повисоко се воздигнува и се потврдува како една од најпрестижните и култни културни манифестации, како во општината, така и во регионот и пошироко. Демирхисарската летна школа како проект се роди благодарение на општината Демир Хисар – градоначалникот г. Љупчо Блажевски и локалната самоуправа, кои изминатите неколку години …

Најновиот број од списанието Occasional Papers on Religion in Eastern Europe посветено на јубилејот – 50 години автокефалност на Македонската православна црква

Со одлука на Третиот црковно – народен собор, на 17 јули 1967 година, точно 200 години од укинувањето во 1767 година, повторно е возобновена Охридската архиепископија како Македонска православна црква. На денешен ден, пак, на 19 јули 1967, е извршен чинот на прогласување на автокефалноста за време на свечената архиерејска литургија отслужена во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид. Тоа е поводот и меѓународното списание Occasional Papers on Religion in Eastern Europe да посвети цел број на јубилејот – 50 години од прогласувањето на автокефалноста …

К О Н К У Р С за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската 2017/2018 година

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува К О Н К У Р С за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската  2017/2018 година   Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура, државна или меѓународна. На Факултетот може да се за запишат и кандидати кои завршиле гимназија и положиле училишна матура. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго средно образование, но само …

РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ КИРИЛ СО ПОРАКА: ДА СЕ УНАПРЕДАТ ОДНОСИТЕ МЕЃУ УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ И РУСКИТЕ БОГОСЛОВСКИ ИНСТИТУЦИИ

  „Го поздравувам развојот на односите меѓу Универзитетот во Скопје со Духовната академија во Москва и Санкт Петербург. Нашата духовна академија сега се здобива и со државно признание, акредитација. Тоа во голема мера ќе ја олесни соработката со Државниот универзитет во Скопје“. – Ова го истакна Неговата Светост, Патријархот Московски и на цела Русија г. Кирил, за време на средбата со Претседателот на Република Македонија, Н.Е. Ѓорге Иванов, во чија придружба беа и Неговото Преосвештенство, епископот хераклејски г. Климент, како и деканот на Православниот богословски …