Средба на студентите од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки
![](https://pbf.edu.mk/wp-content/uploads/2018/11/1-1-min-310x300.jpg)
“Улогата на високообразовните институции во едукацијата на младите: Фокус-Религија” беше темата на средбата на студентите од Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” – Скопје и Факултетот за исламски науки. Настанот беше организиран од страна на фондацијата Конрад Аденауер, а се одржа во нивните простории на 19 ноември 2018 година. Воведен збор имаа Јоханес Д. Раи од Фондацијата Конрад Аденауер, потоа проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет и проф. д-р Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за исламски науки – Скопје. Во рамките на …
Посета на Јан Фигел, специјален пратеник на Европската комисија, на Православниот богословски факултет
![](https://pbf.edu.mk/wp-content/uploads/2018/11/20181116_113015-min-310x300.jpg)
На 16 ноември 2018 година, во просториите на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, беше одржана средба на проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Факултетот со господинот Јан Фигел, специјален пратеник на Европската комисија. На средбата се разговараше за местото и улогата на религијата во современото општество, како и за придонесот којшто верските заедници во Република Македонија може да ѝ го понудат на Европа, посебно преку позитивното искуството на долгогодишниот и квалитетен меѓурелигиски дијалог.
Посета на Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје
![](https://pbf.edu.mk/wp-content/uploads/2018/11/IMG-66c35e73d2069e2bbccc079b9a37658f-V-310x300.jpg)
На 31. 10. 2018 година, студентите од прва година на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ја посетија Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ каде се одржа претставување на библиотичниот фонд и беа претставени стари ретки црковнословенски ракоиси. Потоа тоа беше одржан отворен час по предметот философија во холот на библиотеката. Благодарност до НУБ за гостопримството и одличниот прием.
Молебен за почетокот на новата академска година
![](https://pbf.edu.mk/wp-content/uploads/2018/10/SPE_2253-min-310x300.jpg)
На 30.09.2018 во храмот Свети Јован Крстител се служеа Света литургија и Молебен за почеток на новата академска година, на кои чиноначалствуваше неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. На молебниот присуствуваа ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на православниот богословски факултет „свети Климент Охридски“ во Скопје проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, почесниот конзул на руската федерација проф. д-р Велимир Стојковски, членови на Македонската академија на науките и уметностите, професори и студенти од Православниот богословски факултет и од Универзитетот. По молебниот, …
Конкурс
![](https://pbf.edu.mk/wp-content/uploads/2018/10/konkurs-310x300.jpg)
KОНКУРС ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2018 на која Агенцијата ги повикува сите млади визуелни уметници и групи да поднесат свои авторски дела, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки: 1. Авторите да се на возраст од 15 до 29 години 2. Доставените дела да се од следниве дисциплини: Сликарство (со димензии не поголеми од 200х200 см)~ Скулптура (со димензии не поголеми од 200х200×200 см)~ Графика (со димензии не поголеми 100х70)~ Графички дизајн (плакат)~ …