Конкурс за запишување на редовни и вонредни студенти

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува К О Н К У Р С за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската  2020/2021 година   Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура, државна или меѓународна. На Факултетот може да се за запишат и кандидати кои завршиле гимназија и положиле училишна матура. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго средно образование, но само …

Известување

Врз основа на уредбата на Владата  од 22 мај 2020 година (бр. 44-4414/1), со која е утврден Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи на Министерството за образование, Наставно-научниот совет на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, на својата редовна седница одржана на 2 јуни 2020 година донесе ОДЛУКА за начинот на изведување на испитите во јунската  сесија во 2020 година Јунската испитна сесија ќе започне на 15.06.2020, а ќе трае до 31.07.2020. Заради заштита на јавното здравје, здравјето …

Празнично одбележување на денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј

По повод празникот на сесловенските учители и просветители, светите Кирил и Методиј, по светата архиерејска Литургија беше отслужен свечен молебен и произнесено празнично слово во Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Со години наназад молебенот традиционално се одржува во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, како и на платото на кампусот на универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, коешто оваа година беше оневозможено поради актуелната состојба. Со светата божествена Литургија и со молебенот чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во …

Професоре, збогум!

Возљубен и драг професоре! Следејќи го примерот на св. ап. Павле кога вели: „Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна“ (Евр. 13, 7), и ние, Ве помниме како искрен пријател, добар професор, ценет сведок на Евангелието. Иако знаеме дека заминувате при Милостивиот Бог, , сепак, и ние, сеќавајќи се на нашата дружба и соработка, тагуваме поради привремената разделба. Ќе го продолжиме делото што Вие верно го следевте, за …

Во Господа се упокои проф. Петко Златески

На 13 мај 2020 година, на празникот Преполовение, во Господа се упокои професорот Петко Златески. Петко Златески е роден на 10 јули 1955 година во с. Дуње, Прилеп.  По завршувањето на основното образование во своето родно место, се запишува во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје, која ја завршил во 1975 година. Додипломските студии по теологија ги завршил на Православниот богословски факултет во Белград во 1979 година. Во 1981 година се запишал на Факултетот за Образовни науки при Салезијанскиот Универзитет во Рим. Овие …