Ракополагање и востоличување на нашиот професор, новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј

Ракополагање и востоличување на нашиот професор, новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј

Денес, на денот кога го прославуваме Соборот на светите 12 апостоли, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со полна радост молитвено присуствувавме на ракополагањето и востоличувањето на нашиот професор, новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски г. Георгиј од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Ја изразуваме нашата искрена поддршка и со љубов го придружуваме во новата служба што му е доверена. Нека Господ, Кој ги поставува епископите преку Светиот Дух (сп. Дела 20,28), го укрепи и води, за да биде …

Конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии во студиската 2025/2026 година

Конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии во студиската 2025/2026 година

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје објавува Конкурс за запишување на студенти на втор циклус студии во студиската 2025/2026 година. Во согласност со Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на факултетите и институтите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, за запишување студенти во студиската  2025/2026 година предвидува запишување на следниов број кандидати: – за едногодишни студии по теологија: 10 кандидати – за двегодишни студии по теологија: 10 кандидати – …

Конкурс за запишување студенти на трет циклус академски студии – докторски студии на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје во академската 2025-2026 година

Конкурс за запишување студенти на трет циклус академски студии – докторски студии на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје во академската 2025-2026 година

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, распишува конкурс за запишување студенти на трет циклус академски студии – докторски студии за академската 2025/2026 година, на следната студиска програма: Студиска програма: Теолошки студии Број на студенти: 5 Школарина: 4.500 евра во денарска противвредност Во школарината се вклучени трошоците за организирање на наставата, работилници и семинари, менторство, комисиите, управување со студиската програма, како и трошоци за истражување во висина од 1.200 евра. Во школарината не се …

Конкурс за запишување студенти на додипломски студии на студиските програми на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски”- Скопје во академската 2025/2026 година

Конкурс за запишување студенти на додипломски студии на студиските програми на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски”- Скопје во академската 2025/2026 година

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува   К О Н К У Р С за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската  2025/2026 година   Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура. државна или меѓународна. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго четиригодишно средно образование. Сите кандидати освен богословите, полагаат и приемен испит. Доколку на конкурсот се пријават поголем број од …

Достоен! – Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски пострижен за монах и ракоположен во јероѓаконски чин

Достоен! – Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски пострижен за монах и ракоположен во јероѓаконски чин

На 27 и 28 мај 2025 година, во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол, Скопје, се одржаа значајни духовни настани за Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Д-р Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и поранешен декан на истиот, прими монашки постриг и беше ракоположен во јероѓаконски чин, добивајќи го името Георгиј. На 27 мај, во навечерието на празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил …