Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје го посети делегација од Богословскиот факултет „Патријарх Јустинијан“ од Букурешт

Во среда, на 26 април 2017 година, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје го посети делегација од Богословскиот факултет „Патријарх Јустинијан“ од Букурешт, Романија. Делегацијата беше предводена од протојереј-ставрофор Стефан Букиу, декан на Богословскиот факултет, придружуван од протојереј-ставрофор Константин Преда – продекан, протојереј Никушор Белдиман – директор на оддел и проф. д-р Димитру Сорика, професор по сакрална уметност. Делегацијата се сретна со деканот, професорите и студентите од Богословскиот факултет, а свои пригодни обраќања имаа деканот протојереј-ставрофор Стефан Букиу, како и протојереј Никушор Белдиман, …

Изложба на современ романски иконопис

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, по повод 40- годишнината од основањето, заедно со Богословскиот факултет „Патријарх Јустинијан“ од Букурешт, по повод „Годината на иконата, на иконописците и на црковните уметници“ на Романската православна црква, во Свечената сала на Архиепископскиот соборен храм  „Свети Климент Охридски“ во Скопје организираа заедничка изложба, насловена „Современ романски иконопис“. На отворањето на изложбата, во вторник, на 25 април 2017 година, по воведното обраќање на проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на ПБФ „Св. Климент Охридски“, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски …

СОВРЕМЕН РОМАНСКИ ИКОНОПИС – Изложба повод 40-та годишнина од основањето на Богословскиот факултет во Скопје, како и Годината на иконата, на иконописците и на црковните уметници на Романската православна црква

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје, заедно со Православниот богословски факултет „Патријарх Јустинијан“ од Букурешт, по повод 40-та годишнина од основањето на Богословскиот факултет во Скопје, како и Годината на иконата, на иконописците и на црковните уметници на Романската православна црква организираат заедничка ИЗЛОЖБА СОВРЕМЕН РОМАНСКИ ИКОНОПИС Срдечно Ве покануваме на свеченото отворање на изложбата во вторник, 25 април 2017, во 18 часот во Свечената сала на Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје

Христос воскресна! Навистина воскресна!

Со молитвени желби за изобилна духовна радост, надеж и благослов, Ви го честитаме Велигден – Празникот над празниците! Нека светлината на воскресенското утро засветли во нашите срца и ја разбуди надежта и радоста која доаѓа од Христос Воскреснатиот, та со збор и дело да се покажеме достојни сведоци на Неговото Воскресение! Христос воскресна! Навистина воскресна!

ПБФ „Свети Климент Охридски“ на одбележувањето на денот на високото образование на УКИМ

Штандот на Богослословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ на одбележувањето на Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во продолжение следуваат фотографии од настанот.