Изложба на современ романски иконопис
Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, по повод 40- годишнината од основањето, заедно со Богословскиот факултет „Патријарх Јустинијан“ од Букурешт, по повод „Годината на иконата, на иконописците и на црковните уметници“ на Романската православна црква, во Свечената сала на Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје организираа заедничка изложба, насловена „Современ романски иконопис“. На отворањето на изложбата, во вторник, на 25 април 2017 година, по воведното обраќање на проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на ПБФ „Св. Климент Охридски“, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски …
СОВРЕМЕН РОМАНСКИ ИКОНОПИС – Изложба повод 40-та годишнина од основањето на Богословскиот факултет во Скопје, како и Годината на иконата, на иконописците и на црковните уметници на Романската православна црква
Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ од Скопје, заедно со Православниот богословски факултет „Патријарх Јустинијан“ од Букурешт, по повод 40-та годишнина од основањето на Богословскиот факултет во Скопје, како и Годината на иконата, на иконописците и на црковните уметници на Романската православна црква организираат заедничка ИЗЛОЖБА СОВРЕМЕН РОМАНСКИ ИКОНОПИС Срдечно Ве покануваме на свеченото отворање на изложбата во вторник, 25 април 2017, во 18 часот во Свечената сала на Архиепископскиот соборен храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје
Христос воскресна! Навистина воскресна!
Со молитвени желби за изобилна духовна радост, надеж и благослов, Ви го честитаме Велигден – Празникот над празниците! Нека светлината на воскресенското утро засветли во нашите срца и ја разбуди надежта и радоста која доаѓа од Христос Воскреснатиот, та со збор и дело да се покажеме достојни сведоци на Неговото Воскресение! Христос воскресна! Навистина воскресна!
ПБФ „Свети Климент Охридски“ на одбележувањето на денот на високото образование на УКИМ
Монсињор д-р Никола Вривол и г. Григориос во посета на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје
На 29 март 2017 година, монсињор д-р Никола Вривол, еден од долгогодишните раководители на Источно-црковниот институт во Регенсбург, Германија и г. Григориос, сириски митрополит од Адијаман, Турција, го посетија Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, како дел од неколкудневната посета на Република Македонија. Во таа прилика тие имаа можност одблиску да се запознаат со активностите и достигнувањата на Факултетот, а воедно и да се сретнат и со поранешните студенти на Регенсбуршкиот институт од Македонија. За време на нивниот престој во земјата тие остварија …