Книгата „Лекување на раните од траума: Како Црквата може да помогне“

Книгата „Лекување на раните од траума: Како Црквата може да помогне“

Книгата Лекување на раните од траума: Како Црквата може да помогне од авторите Хариет Хил, Маргарет Хил, Ричард Баге и Пат Миерсма има за цел да ги обучи црковните лидери да им помогнат на верниците кои доживеале траума. Книгата, исто така, може да им помогне и на семејствата или поединците кои се соочуваат со страдање. Секоја лекција дава основни принципи на пастирско советување во библиска рамка.   Оваа книга е преведена на 157 јазици, а на македонски јазик ја преведе Анета Јовковска и може бесплатно …

ПОСЕТА НА ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ ОД СТРАНА НА СТУДЕНТИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИСЛАМСКИ НАУКИ

ПОСЕТА НА ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ ОД СТРАНА НА СТУДЕНТИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИСЛАМСКИ НАУКИ

На 17 декември 2018 година на Православниот богословски Факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје се одржа втората средба од Меѓурелигискиот час за студиската 2018/2019 година, проект поддржан од фондацијата Конрад Аденауер. Во присуство на студенти и професори од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки, на овој час предавање имаше  протоѓакон проф. д-р Ратомир Грозданоски на тема Значењето на Светото писмо за христијаните. Потоа гостите беа запознаени со работата и активностите на Факултетот, по што беше посетена и манастирската црква „Свети Јован Крстител“ – Капиштец.  

Научна дебата на тема „Политиката и религијата“

Научна дебата на тема „Политиката и религијата“

Македонското политолошко друштво и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, на 13.12.2018 година во салата на Православниот богословски факултет организираа научна дебата на тема „Политиката и религијата“. Воведничари на научната дебата беа: митрополит европски г. Пимен, проф. д-р Цане Мојаноски, Факултет за безбедност – Скопје, проф. д-р Хасан Џило од Факултетот за исламски науки и проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ, Продекан на Богословскиот факултет – Скопје. Свои излагање на дебатата имаа и повеќе професори од академската заедница во Република Македонија меѓу кои проф. д-р Александар Спасеновски, …

НАУЧНА ДЕБАТА НА ТЕМА: ПОЛИТИКАТА И РЕЛИГИЈАТА

НАУЧНА ДЕБАТА на тема: ПОЛИТИКАТА И РЕЛИГИЈАТА Организатори: Македонско политолошко друштво Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје       П Р О Г Р А М А 13.12.2018 год. Место: Богословски факултет – Скопје    10.00     Поздравни обраќања на научната дебата: Проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, М-р Даријан Сотировски, Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски Декан на Православниот богословски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и …

Средба на студентите од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки

Средба на студентите од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки

“Улогата на високообразовните институции во едукацијата на младите: Фокус-Религија” беше темата на средбата на студентите од Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” – Скопје и Факултетот за исламски науки. Настанот беше организиран од страна на фондацијата Конрад Аденауер, а се одржа во нивните простории на  19 ноември 2018 година.  Воведен збор  имаа Јоханес Д. Раи од Фондацијата Конрад Аденауер, потоа  проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот  богословски факултет и проф. д-р Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за исламски науки – Скопје. Во рамките на …