Предавање: „Култот на свети Наум во унгарската култура и традиција“

На 6 декември 2023 година, во свечената сала на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, проф. Марта Наѓи од Унгарија одржа предавање на тема: „Култот на свети Наум во унгарската култура и традиција“. На настанот беа присутни професори и студенти од Православниот богословски факултет. Со голема заинтересираност предавањето го следеа и други гости на Факултетот, меѓу кои и неговатата екселенција Андраш Клеин – амбасадор на Унгарија во Република Северна Македонија. Предавањето ќе биде достапно за пошироката јавност во печатената верзија од годишниот Зборник …
Отворен ден на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје

Драги матуранти, наши идни студенти! ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 1 декември 2023 во периодот од 10-12 часот и 12-14 часот, со физичко присуство на секој од факултетите Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за …
Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-дин Даријан Сотировски во посета на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“

На ден 10.10.2023 год. Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, проф. д-р Дејан Борисов, го прими Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи (КОВЗРГ), г-дин м-р Даријан Сотировски. На средбата присуствуваа и продеканите доц. д-р Дарко Анев и доц. д-р Виктор Недески. Во пријатна и срдечна атмосфера се разговараше за досегашната соработка меѓу двете институции и се разгледаа можности како истата да продолжи и да се продлабочи. Директорот на КОВЗРГ на средбата упати и покана за Свечената …
Средба на деканската управа при Православниот богословски факултет во Скопје со Амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Андраш Клеин

На ден 10.10.2023 год. Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, проф. д-р Дејан Борисов, го прими Амбасадорот на Унгарија во Република Северна Македонија, неговата екселенција Андраш Клеин во придружба со вториот секретар на унгарската амбасада господинот Габор Редечи. Во разговорот учествуваа и двајцата продекани на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, доц. д-р Виктор Недески и доц. д-р Дарко Анев. На средбата се разговараше за научна соработка меѓу Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје и професори и …
Интерен конкурс за избор на демонстратор од областа Црковно пеење
Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, член 57 точка 8 од Статутот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, се распишува следниов Интерен конкурс за избор на демонстратор од областа Црковно пеење Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, придружна членка на …