Молебен за почеток на новата студиска година и призив на Светиот Дух

На 30 септември 2024 година (понеделник), во 11,30 часот, во манастирот „Свети Јован Крстител“ Капиштец, Скопје ќе се отслужи: Молебен за почеток на новата студиска година и призив на Светиот Дух Присуството е задолжително за генерацијата новозапишани студенти 2024/2025, за студентите од сите студиски години, како и за професорите и асистентите. Со редовна настава ќе се започне на 01.10.2024 година.                               Декан              проф. д-р Дејан …

Интерен конкурс за избор на демонстратор од областа Црковно пеење

Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, член 57 точка 8 од Статутот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, се распишува следниов Интерен конкурс за избор на демонстратор од областа Црковно пеење Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, придружна членка на …

Професори од Православниот богословски факултет во Скопје учествуваа на меѓународна Богословска конференција во Босна и Херцеговина

На Православниот Богословски Факултет „Свети Василиј Острошки“ во Фоча при Универзитетот во Источно Сараево од 16. до 18. јуни 2024 г. се одржа меѓународниот научен собир „ΖΩΟΝ ΠΟΛΙΤΙΚΟΝ – ΖΩΟΝ ΘΕΟΥΜΕΝΟΝ. Човекот, општеството и Црквата во 21. век“. На собирот зедоа учество 27 еминентни теолози, како и претставници на сродните научни дисциплини од регионот, меѓу кои и проф. д-р о. Милан Ѓорѓевиќ и проф. д-р о. Кирче Трајанов од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Тематските блокови на научниот собир ги опфатија следните …

Се одржа регионална летна школа: Општеството и религијата

Како резултат на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер, Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Скопје ги поддржа активностите на регионалната  летна школа – Општеството и религијата: етничките групи, идентитетот и национализмот, која се одржа во Скопје од 17-20.06.2024 година. Претставници од повеќе држави од Балканот (Србија, Грција, Босна, Црна Гора, Хрватска и др.) земаа учество на оваа летна школа   Продеканот од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје – д-р Дарко Анев одржа предавање на летната школа. Темата на неговото предавање беше: „Културно …

Меѓурелигиска училница: Учете едни од други за да живеете заедно!

На 17 мај 2023, Фондацијата Конрад Аденауер, во соработка со Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и Факултетот за исламски науки од Скопје, го организираше настанот „Меѓурелигиска училница“. На овој настан учествуваа студентите од теолошките факултети и други заинтересирани граѓани, со цел да се поттикне значајна размена на идеи и искуства. На меѓурелигискиот час беа присутни дваесет  студенти од Факултетот за исламски науки во Скопје и Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Настанот започна со обраќање на претставникот од Конрад Аденауер г. Роберт …