К О Н К У Р С за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската  2019/2020 година

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува К О Н К У Р С за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската  2019/2020 година Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура, државна или меѓународна. На Факултетот може да се за запишат и кандидати кои завршиле гимназија и положиле училишна матура. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго средно образование, но само со …

Студенти од Православниот богословски факултет учествуваа на Третата Демирхисарска летна школа

Од 7 до 13 јули 2018 година се одржа Третата Демирхисарска летна школа. Демирхисарската летна школа како проект започна пред две години, а нејзина цел е истражување, афирмација и промоција на културното и духовното наследство во демирхисарско, со особен акцент на Слепченскиот манастирот „Свети Јован Претеча“. Третата Демирхисарка летна школа се реализира со цел продолжување на долгорочните планови и активности на локалната самоуправа на општина Демир Хисар, а со финансиска поддршка на Министерството за култура и Слепченскиот манастирот „Свети Јован Претеча“, како и со партнерство …

Меѓурелигиски форум на тема: „Местото и улогата на религиозната жена во општеството“

С О О П Ш Т Е Н И Е   На 05.04.2019 година (петок), со почеток во 10, 30 часот, во салата „Архиепископ Доситеј“ на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, ќе се одржи меѓурелигиски форум на тема:  „Местото и улогата на религиозната жена во општеството“ Влезот е слободен

Книгата „Лекување на раните од траума: Како Црквата може да помогне“

Книгата Лекување на раните од траума: Како Црквата може да помогне од авторите Хариет Хил, Маргарет Хил, Ричард Баге и Пат Миерсма има за цел да ги обучи црковните лидери да им помогнат на верниците кои доживеале траума. Книгата, исто така, може да им помогне и на семејствата или поединците кои се соочуваат со страдање. Секоја лекција дава основни принципи на пастирско советување во библиска рамка.   Оваа книга е преведена на 157 јазици, а на македонски јазик ја преведе Анета Јовковска и може бесплатно …

ПОСЕТА НА ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ ОД СТРАНА НА СТУДЕНТИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИСЛАМСКИ НАУКИ

На 17 декември 2018 година на Православниот богословски Факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје се одржа втората средба од Меѓурелигискиот час за студиската 2018/2019 година, проект поддржан од фондацијата Конрад Аденауер. Во присуство на студенти и професори од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки, на овој час предавање имаше  протоѓакон проф. д-р Ратомир Грозданоски на тема Значењето на Светото писмо за христијаните. Потоа гостите беа запознаени со работата и активностите на Факултетот, по што беше посетена и манастирската црква „Свети Јован Крстител“ – Капиштец.