Врз основа на член 110 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ бр.82 од 08.05.2018), на член 57 и член 92 од Статутот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, придружна членка на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно Одлуката донесена на 5. редовна седница на Наставно-научниот совет, одржана на 28.05.2026 година (Зап.5/2026), деканот објавува
К О Н К У Р С
за запишување студенти на трет циклус студии на
Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски”- Скопје,
во академската 2026/2027 година
Скопје, мај 2026
I. Број на студенти и износ на школарина
| СТУДИСКА ПРОГРАМА | број на
студенти |
траење во семестри | цена на студирање
(во евра) |
| Теолошки студии | 5 | 6 | 4.500 |
II. Услови и критериуми за упис
Право на конкурирање имаат кандидати што ги исполнуваат следниве општи услови:
– Завршен прв циклус богословски студии и втор циклус од хуманистичките науки (теологија, филозофија, историја, историја на уметноста и археологија, филологија и книжевност, културолошки студии или музика).
– Остварен просечен успех од сите предмети од претходното завршено високо образование, од најмалку 8,00.
III. Документи за пријавување
– Пријавен лист за запишување;
– благослов од надлежниот архиереј;
– дипломи за завршен прв и втор циклус студии;
– куса биографија (CV);
– потврда за активно познавање странски јазик;
– препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
– список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
– документи за евентуални награди, признанија и други документи.
IV. Рокови за пријавување и запишување
| прв уписен рок втор уписен рок | |
| Пријавување на кандидатите | 7-21.09.2026 1-10.12.2027 |
| Запишување на кандидатите | 5-09.2026 21.12.2026-25.12.2027 |
ЗАБЕЛЕШКА:
– Во вкупниот износ е вклучена и одбраната на докторскиот труд.
Koнкурсот за запишување студенти на трет циклус студии – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2026/2027 година (на македонски и на англиски јазик) е објавен на интернет-страницата на Универзитетот: www.ukim.edu.mk, а огласот е објавен и во изданија на дневните весници: Слободен печат и Коха на 18 јули 2026 година.
