Научен колоквиум во Охрид, 5-9 јуни 2024 година

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје во соработка со Источно-црковниот институт од Регенсбург организира „Научен колоквиум“ од 5 до 9 јуни во хотелот “City Palace” во Охрид.

На настанот ќе земат учество професори од Православниот богословски факултет во Скопје, како и еминентни професори од странство. Листата на учесници на овој научен колоквиум и темите на кои ќе имаат излагање е достапна на следниов линк.

 

Листа на учесници на научниот колоквиум 2024 – Oхрид