Професоре, збогум!

Возљубен и драг професоре! Следејќи го примерот на св. ап. Павле кога вели: „Помнете ги и вашите наставници, што ви го проповедаа словото Божјо, и, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, подражавајте ја верата нивна“ (Евр. 13, 7), и ние, Ве помниме како искрен пријател, добар професор, ценет сведок на Евангелието. Иако знаеме дека заминувате при Милостивиот Бог, , сепак, и ние, сеќавајќи се на нашата дружба и соработка, тагуваме поради привремената разделба. Ќе го продолжиме делото што Вие верно го следевте, за …

Во Господа се упокои проф. Петко Златески

На 13 мај 2020 година, на празникот Преполовение, во Господа се упокои професорот Петко Златески. Петко Златески е роден на 10 јули 1955 година во с. Дуње, Прилеп.  По завршувањето на основното образование во своето родно место, се запишува во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје, која ја завршил во 1975 година. Додипломските студии по теологија ги завршил на Православниот богословски факултет во Белград во 1979 година. Во 1981 година се запишал на Факултетот за Образовни науки при Салезијанскиот Универзитет во Рим. Овие …

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Како резултат на мерките и активностите на Владата за превенција од  ширење  на корона вирусот, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и сите единици во неговиот состав, на 11 март го прекинаа наставно-образовниот процес. Со оглед на новонастанатата состојба, како и предвидувањата за периодот кој следи, реализацијата на студиските програми ќе продолжи преку редовна, но далечинска настава со употреба на видео конференциски систем. Како најсоодветна е препорачана платформата zoom.us, за која добивте покана и ќе треба да ја симнете на вашите компјутери или телефони и потоа да ја прифатите поканата. Започнувајќи од утрешниот ден, 18 март 2020 година, предавањата и вежбите ќе се реализираат според востановениот распоред на часови. …

ТРЕТ СВЕТИКЛИМЕНТОВ НАУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: СЛОВАТА И СЛОВОТО

Словата и Словото Свечена сала на Факултетот, 05.12.2019, 09:15 часот Третиот Светиклиментов научен собир, на тема „Словата и Словото“, ќе се сосредоточи врз темата за словесноста, разбрана како основна карактеристика на човековото битие. Оваа фундаментална антрополошка претпоставка на европската мисла е присутна уште во антиката, каде примарно укажувала на човечката разумна, т.е. рационална способност. Но, полисемантичκиот философски поим „слово“ (λόγος), во христијанската антропологија добива една суштински нова димензија – личносната. Човекот е уникатно создание поради тоа што го носи образот и подобието Божјо во себеси, …

Потпишан Договор за соработка

На 14 октомври 2019 година, во просториите на Факултетот, свечено беше потпишан Договор за соработка помеѓу Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“, придружна членка на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и Католичкиот богословски факултет од Универзитетот во Загреб. Договорот за соработка го потпишаа деканите на двата факултета, проф. д-р. Ѓоко Ѓорѓевски и проф. д-р. Марио Цифрак, а на свеченото потпишување на Договорот присуствуваа и поглаварот на Македонската православна црква, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, ректорот на универзитетот „Свети Кирил и …