
Во Македонската академија на науките и уметностите во петокот, на 24.06.2016 година, беше промовирано изданието на црковнословенскиот превод на Corpus Areopagiticum од монах Исаија Серски од 1371 година. Настанот беше во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје. Изданието го претставија приредувачот на изданието проф. д-р Гелиан Михајлович Прохоров од Институтот за руска литература од Руската академија на науките и членовите на неговиот научен тим: д-р Сабине Фал и Дитер Фал од Богословскиот факултет во Грајфсвалд (Германија) и проф. д-р Иван Христов …