
На одбележувањето на јубилејот – 200 години од објавувањето на “Огледало” на игумен Кирил Пејчиновиќ – Тетоец во Лешочкиот манастир.
На одбележувањето на јубилејот – 200 години од објавувањето на “Огледало” на игумен Кирил Пејчиновиќ – Тетоец во Лешочкиот манастир.
На 11. ноември 2016 година во Ректоратот на УКИМ беше одбележан Светскиот ден на науката за мир и развој. Настанот го отворија рекоторот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски и проректорот за наука проф. д-р Владимир Петрушевски. Православниот богословски факултет учествуваше на настанот со свој штанд, на кој беа изложени иданија на наставниците и соработниците на Факултетот објавени во текот на последните пет години.
Се известува дека изведувањето на наставата од Втор циклус студии при Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ ќе започне в сабота, на 19 ноември 2016 година. Распоредот на предавањата ќе може да се преземе овде. Истовремено се потсетува дека се уште е можно пријавување на заинтересирани кандидати за втор циклус студии на вториот уписен рок во периодот од 9 до 20 јануари 2017 (види Конкурс). Сите дополнителни информации околу условите за условите за запишување, потребната документација, организацијата и временскиот распоред на студиите, заинтересираните кандидати може …
Оваа година се одбележуваат 1100 години од блаженото упокојување на свети Климент Охридски – великиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. По тој повод, во периодот од 20 до 22 октомври 2016 година во Конгресниот центар во Охрид беше одржана меѓународна конференција, насловена „Свети Климент Охридски – Милоста и милосрдието во Библијата и во Црквата (St. Clement of Ohrid – Clemency in the Bible and in the Church)“. Овој научен собир беше посветена на животот и делото на свети Климент, но и на clementia …
На 18.09.2016 година во манастирската црква на свети Јован Крстител во Капиштец, Скопје, со Архиерејска Божествена Литургија со која чиночалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и свештенослужители од Скопската православна епархија, а во присуство на г. Никола Јанкуловски ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, декани и продекани од УКИМ, како и студенти од богословскиот и други факултети, започна првиот академски час на студентите од Скопскиот Универзитет. По …