ИЗВЕСТУВАЊЕ

Како резултат на мерките и активностите на Владата за превенција од  ширење  на корона вирусот, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и сите единици во неговиот состав, на 11 март го прекинаа наставно-образовниот процес.
Со оглед на новонастанатата состојба, како и предвидувањата за периодот кој следи, реализацијата на студиските програми ќе продолжи преку редовна, но далечинска настава со употреба на видео конференциски систем. Како најсоодветна е препорачана платформата zoom.us, за која добивте покана и ќе треба да ја симнете на вашите компјутери или телефони и потоа да ја прифатите поканата. Започнувајќи од утрешниот ден, 18 март 2020 година, предавањата и вежбите ќе се реализираат според востановениот распоред на часови.

Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан