Христос воскресна! Навистина воскресна!

Со молитвени желби за изобилна духовна радост, надеж и благослов, Ви го честитаме Велигден – Празникот над празниците! Нека светлината на воскресенското утро засветли во нашите срца и ја разбуди надежта и радоста која доаѓа од Христос Воскреснатиот, та со збор и дело да се покажеме достојни сведоци на Неговото Воскресение! Христос воскресна! Навистина воскресна!

ПБФ „Свети Климент Охридски“ на одбележувањето на денот на високото образование на УКИМ

Штандот на Богослословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ на одбележувањето на Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во продолжение следуваат фотографии од настанот.

Монсињор д-р Никола Вривол и г. Григориос во посета на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје

На 29 март 2017 година, монсињор д-р Никола Вривол, еден од долгогодишните раководители на Источно-црковниот институт во Регенсбург, Германија и г. Григориос, сириски митрополит од Адијаман, Турција, го посетија Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, како дел од неколкудневната посета на Република Македонија. Во таа прилика тие имаа можност одблиску да се запознаат со активностите и достигнувањата на Факултетот, а воедно и да се сретнат и со поранешните студенти на Регенсбуршкиот институт од Македонија. За време на нивниот престој во земјата тие остварија …

Отворен ден на Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ во Скопје

Почитувани, На 6 април (четврток), 2017 година се организира Отворен ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Централниот настан е предвиден да се одржи на платото пред Ректоратот, каде што ќе бидат сместени штандовите на факултетите. Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ ќе има свој штанд, кој ќе биде достапен за информирање. Посетителите ќе имаат можност неспоредно, во разговор со наставниот кадар и со студентите, да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, како и со нејзината долга традиција, …

КОНКУРС ЗА ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ

Се известува дека на 29 декември 2016 година во весникот Нова Македонија, како и на интернет страницата на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, е објавен Конкурсот за упис во втор циклус студии на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Право на конкурирање имаат кандидатите што ги исполнуваат следниве општи услови: да завршиле прв циклус студии на соодветни или сродни студии и кои исполнуваат други услови предвидени со студиските програми за организирање втор циклус студии на соодветниот факултет, односно научен институт. Рокови …