КОНКУРС

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува КОНКУРС за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската 2016/2017 година Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура, државна или меѓународна. На Факултетот може да се за запишат и кандидати кои завршиле гимназија и положиле училишна матура. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго средно образование, но само со одобрение од Светиот архиерејски синод на …

Промовиран превод на Corpus Areopagiticum

Во Македонската академија на науките и уметностите во петокот, на 24.06.2016 година, беше промовирано изданието на црковнословенскиот превод на Corpus Areopagiticum од монах Исаија Серски од 1371 година. Настанот беше во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје. Изданието го претставија приредувачот на изданието проф. д-р Гелиан Михајлович Прохоров од Институтот за руска литература од Руската академија на науките и членовите на неговиот научен тим: д-р Сабине Фал и Дитер Фал од Богословскиот факултет во Грајфсвалд (Германија) и проф. д-р Иван Христов …

Тркалезна маса за климентовото духовно наследство

Свети Климент Охридски одиграл голема улога во историјата и писменоста на словените. Тој е првиот словенски архиереј кој служел, проповедал и пишувал на словенски јазик. Ова Денеска На Православениот Богословски Факултет „Св.Климент Охридски“ Го Истакна Ректорот На УКИМ Велимир Стојковски На Тркалезна Маса На Тема „Св. Климент Охридски И Неговото Духовно Наследство“, Која Се Одржува Во Рамки На „Деновите На Руската Духовна Култура Во Македонија“ Кои Завршуваат Утре Со Концерт На Ансамблот „Русија“. – Светителот Климент се смета за првиот словенски писател кој не само што …

Апсолвентите од Православниот богословски факултет во посета на црквите и манастирите во западна Македонија

Со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со подршката на Деканот при Богословскиот факултет проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и под водство на професорите доц. д-р Дејан Борисов и асс. м-р Сашо Целески, Апсолвентите (2015/16) при Православниот богословски факултет во Скопје ги посетија црквите и манастирите од западниот дел на Република Македонија. Започнувајќи од гостољубивиот пречек на сестрите од манастирот „Св. Архaнгел Михаил“ во Варош, продолжувајќи кон манастирот „Св. Преображение“ во Зрзе, каде низ прекрасен и топол поучен разговор беа духовно поткрепени …

Ректорот на Московската духовна академија во посета на Македонија

Делегација од Московската духовна академија (МДУ), предводена од Архиепископот Верејскиј г. Евгениј, ректор на Академијата, е во официјална посета на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ) до 13-ти јуни. Анализата на деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, Скопје, проф. д-р Ацо Гиревски во врска со посетата погледнете ја на следниов линк.