На 16 ноември 2018 година, во просториите на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, беше одржана средба на проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Факултетот со господинот Јан Фигел, специјален пратеник на Европската комисија.
На средбата се разговараше за местото и улогата на религијата во современото општество, како и за придонесот којшто верските заедници во Република Македонија може да ѝ го понудат на Европа, посебно преку позитивното искуството на долгогодишниот и квалитетен меѓурелигиски дијалог.