Со особена чест и задоволство споделуваме дека во текот на летниот семестар од академската 2025/2026 година, на покана на Универзитетот во Мачерата (Италија), д-р Марија Гиревска реализираше дванаесетнеделен престој како визитинг професор на Катедрата за хуманистички науки. Во рамките на престојот, д-р Гиревска одржа предавања, семинари и работилници на додипломските и последипломските студии, активно учествуваше во научноистражувачката работа на Универзитетот и оствари бројни средби со професори, истражувачи и студенти. Универзитетот во Мачерата, основан во 1290 година, е еден од најстарите и најреномираните универзитети во Европа. …
