Православен богословски факултет "Св. Климент Охридски" - Скопје
Национален форум: Религија и онлајн предизвици
Професори и студенти од Православен богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје беа дел од учесниците на Националниот форум „Религија и онлајн предизвици“, организиран во рамките на проектот „DELETE“ и поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи и организацијата „Хоризон Цивитас“. Настанот кој се одржа на 12.02.2025 година во Скопје, беше обемна платформа за јавна дискусија. Активноста на студентите и професорите од Православниот богословски факултет беше истакната. Продеканот, д-р Виктор Недески, заедно со панелистот професорката д-р Анета Јовковска, …
Свечено одбележан патронатот на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и 47-годишнината од неговото основање
На 6 декември 2024 година, Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ со свечена програма го одбележа својот патронат и 47 години од основањето. Во свечената сала на Факултетот се собраа бројни гости, професори и студенти, претставници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија: Неговото блаженство Архиепископот г. г. Стефан и митрополитите г. Петар, г. Јован и г. Марко. Беше присутна претседателката на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска, претставници од академската заедница од земјава, но и странска делегација од …
Осми Светиклиментов научен собир на тема: Мирот Божји и мирот човечки
Осми Светиклиментов научен собир на тема: Мирот Божји и мирот човечки Свечена сала на Факултетот, 06.12.2024 (петок), 10:00 часот Мир ви оставам; мирот Свој ви го давам; Јас ви го давам не како што го дава светот. Да не се плаши срцето ваше, ниту да се бои (Јован 14,27). Поимот за мирот во православното богословие го надминува неговото вообичаено разбирање како строго општествен феномен, доминантно во современиот начин на користењето на овој поим. Воедно, тој не може да се исцрпи ниту со императивот на „внатрешниот мир“, …
Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во поддршка на меѓурелигискиот дијалог на тема: Значењето на Светите книги за соживот
На 26 ноември 2024 година, во Скопје се одржа меѓурелигиски настан под наслов „Значењето на Светите книги во градењето соживот“. Организиран од Фондацијата Конрад Аденауер, во соработка со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и Факултетот за Исламски науки од Скопје, настанот ги обедини припадниците на различни религии, професии и генерации за промовирање на меѓусебно разбирање и хармонија. Настанот започна во џамијата „Исак-бег“. Уесниците ги поздравија претставници на организаторите. Роберт Јанев од Фондацијата Конрад Аденауер говореше за важноста на мирот и дијалогот како универзални вредности, …
Се упокои митрополитот Тимотеј
На 25.11.2024 година, по кратко боледување, на 73 годишна возраст, се упокои во Господа митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Митрополитот Тимотеј во неколку наврати беше претставник на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во Наставно-научниот совет на Православниот богословски факултет. Ќе остане запомнет како голем поддржувач на дејноста и активностите на факултетот и пример за посветен архипастир на МПЦ-ОА.






