Во периодот од 10 до 16 мај 2026 година, Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ беше домаќин на меѓународната научна конференција „Средба со Бога: новозаветни духовности“, организирана во соработка со Универзитетот во Регенсбург и Центарот за напредни студии „Beyond Canon“, а во рамките на годишната средба на Источноевропскиот комитет за соработка во новозаветните студии (EELC). Конференцијата започна на 10 мај со вечерна литургија во манастирот „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, со што уште од самиот почеток беше …
