Промовирана книгата „Образованието, духовноста и вредносните ориентации кај адолесцентите“ од д-р Анета Јовковска

На 5ти октомври 2017 година на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје се одржа промоција на книгата Образованието, духовноста и вредносните ориентации кај адолесцентите од д-р Анета Јовковска. Како промотори на книгата говор одржаа професорите: д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет и д-р Анета Баракоска, редовен професор на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Професорката Баракоска истакна пред присутните дека станува збор за прецизно определена и исцрпно замислена тема, која презентира автентични научни резултати и осветлува еден значаен сегмент …

Призив на Светиот Дух при започнувањето на новата академска година

На 18.09.2017 година, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во црквата посветена на светиот Јован Крстител отслужи молебен за почеток на новата академска година. На молитвениот собор присуствуваа Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, ректорот на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, поранешниот ректор на истиот Универзитет, проф. д-р Велимир Стојковски, деканот на богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, бројни универзитетски професори, и студентите од богословскиот факултет.  

МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ ЗА ЦРКВИТЕ ВО РОМАНИЈА, ГРУЗИЈА, МАКЕДОНИЈА И ПОЛСКА

blank

Во периодот од 12 до 14 септември 2017 година во Костанца, Романија беше одржан меѓународен симпозиум на тема: „Црквите во Романија, Грузија, Македонија и Полска. Форми на организација и лидерство низ вековите“, на кој учествуваа теолози, академици, универзитетски професори и научни истражувачи од повеќе земји, како и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, придружуван од Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент. Симпозиумот беше отворен со воведното изложување на Архиепископот Стефан, кој говореше на темата за „Автокефалноста во Православната Црква и непризнавањето на Македонската …

Студенти од Теолошкиот факултет учествуваа на Демирхисарската летна школа

blank

По Божја промисла од 07 до 14 јули 2017 година се одржа првата Демирхисарска летна школа. Овој проект е дел од IV Демирхисарско културно лето – 2017, кое што од година во година – сѐ повеќе и сѐ повисоко се воздигнува и се потврдува како една од најпрестижните и култни културни манифестации, како во општината, така и во регионот и пошироко. Демирхисарската летна школа како проект се роди благодарение на општината Демир Хисар – градоначалникот г. Љупчо Блажевски и локалната самоуправа, кои изминатите неколку години …

Најновиот број од списанието Occasional Papers on Religion in Eastern Europe посветено на јубилејот – 50 години автокефалност на Македонската православна црква

blank

Со одлука на Третиот црковно – народен собор, на 17 јули 1967 година, точно 200 години од укинувањето во 1767 година, повторно е возобновена Охридската архиепископија како Македонска православна црква. На денешен ден, пак, на 19 јули 1967, е извршен чинот на прогласување на автокефалноста за време на свечената архиерејска литургија отслужена во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид. Тоа е поводот и меѓународното списание Occasional Papers on Religion in Eastern Europe да посвети цел број на јубилејот – 50 години од прогласувањето на автокефалноста …