Светиот апостол Павле ни говори за учителството како за особен дар од Бога (1. Кор. 12,28). Но, како што учителството е дар за оние што поучуваат, така и самите учители се дар за своите ученици. Не само заради тоа што им пренесуваат извесен квантум на занење, туку затоа што им го пренесуваат и својот начин на живот, мислење и расудување, ги споделуваат вредностите, а најмногу од сѐ – личната љубов кон познанието. Токму таков дар за македонското богословие беше нашиот учител о. Јован Таковски. Неговиот …
На 82 години вчера почина протојереј – ставорофор д-р Јован Таковски – професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Тој ги преведе сите богослужбени книги на МПЦ-ОА од црковно-словенски на македонски јазик, со што ги направи разбирливи за својот македонски народ и остави непроценливо богослужбено наследство. Отец Јован Таковски – теолог, свештеник, професор, преведувач, завршил богословија во Приштина, Богословски факултет во Белград (1967), Филолошки факултет во Скопје (1980), а постдипломски студии во Париз. Докторирал како прв доктор по теолошки науки на Богословскиот …
Документарниот филм по повод 45 години од основањето на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје можете да го погледнете на следниов линк: https://www.youtube.com/watch?v=YO2iR_a1Zw0
На иницијатива на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, на 09.03.2023 година, беше формирана првата Група за пријателство помеѓу Македонската православна црква и Исламската верска заедница. На настанот присуствуваа студенти и професори од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и Факултетот за Исламски науки во Скопје. Поздравувајќи ја оваа иницијатива, на настанот се обратија поглаварот на МПЦ ОА Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема х. хфз. Шаќир ефенди Фетаи, директорот на Комисијата за …
Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, член 57 точка 8 од Статутот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, се распишува следниов ИНТЕРЕН КОНКУРС за избор на демонстратор од областа Црковно пеење Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, придружна членка на …