На 29 март 2017 година, монсињор д-р Никола Вривол, еден од долгогодишните раководители на Источно-црковниот институт во Регенсбург, Германија и г. Григориос, сириски митрополит од Адијаман, Турција, го посетија Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, како дел од неколкудневната посета на Република Македонија. Во таа прилика тие имаа можност одблиску да се запознаат со активностите и достигнувањата на Факултетот, а воедно и да се сретнат и со поранешните студенти на Регенсбуршкиот институт од Македонија. За време на нивниот престој во земјата тие остварија средба и со Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, придружуван од Неговото Преосвештенство, Епископот Хераклејски г. Климент, а во одделна посета се сретнаа и со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.