Депресијата кај младите и патеките кон превенција

Депресијата кај младите и патеките кон превенција

Денес, 27.02.2025 на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје се одржа панел дискусијата „Младост, ум и депресија“. Настанот беше организиран од Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, а во соработка со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Факултетот за исламски науки и Меѓународниот Славјански универзитет. На настанот присуствуваа студенти, професори и претставници на верските заедници и религиозните групи во државата, а со своето присуство го збогатија деканот на Православниот богословски факултет, проф. д-р Дејан Борисов, деканот на Факултетот …

Академски размислувања за бракот низ призмата на античкото законодавство и црковните канони

Академски размислувања за бракот низ призмата на античкото законодавство и црковните канони

На 25.02.2025, Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје го отвори просторот на свечената сала „Архиепископ Доситеј“ за настан кој ги обедини интелектуалните кругови за темата брак. Настанот понуди две длабоки перспективи за разбирање на бракот, преку предавања во кои беа изложени античките законски прописи за бракот и семејната динамика  и развојот на формата на христијанскиот брак од друга страна. Имено, проф. д-р Даниела Тошева-Николовска се осврна на античкото грчко и римско законодавство во врска со бракот. Во своето предавање, таа детално ги анализираше …

Известување за панел дискусија на тема: Младост, ум и депресија

Известување за панел дискусија на тема: Младост, ум и депресија

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, во соработка со Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Факултетот за исламски науки и Славјанскиот универзитет, организира панел дискусија насловена „Младост, ум и депресија“. Овој настан се фокусира на проблематиката на депресијата, која, за жал, во последната деценија бележи забележлив раст, особено меѓу младата популација. На панелот ќе учествуваат експерти и студенти кои ќе ја разгледаат темата од различни перспективи – психологија, христијанска педагогија, гешталт терапија и теологија. Модератор на настанот ќе биде Димитар …

Отворени предавања на Православниот богословски факултет во Скопје

Отворени предавања на Православниот богословски факултет во Скопје

Со задоволство ве известуваме дека Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје организира отворени предавања кои ќе се одржат на 25.02.2025 (вторник), со почеток во 12.00 часот, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“. Во рамките на настанот, вон. проф. д-р Даниела Тошева-Николовска ќе одржи предавање на тема: „Бракот и семејната динамика во антиката“, а доц. д-р Илче Мицевски-Игнат ќе одржи предавање на тема: „Бракот и Црквата. Развојот на формата на христијанскиот брак“ Овој настан е одлична можност за стекнување нови знаења и размислување за историските и …