Унапредување на соработката: Средба на деканската управа на Православниот богословски факултет и Факултетот за музичка уметност

Унапредување на соработката: Средба на деканската управа на Православниот богословски факултет и Факултетот за музичка уметност

На 8. октомври 2023 година, на Православниот богословски факултет во Скопје, се одржа средба помеѓу деканот на Православниот богословски факултет – проф. д-р Дејан Борисов и деканот на Факултетот за музичка уметност – проф. м-р Дарија Андовска. На средбата присуствуваа и продеканот на Православниот богословски факултет – проф. д-р Дарко Анев, како и продеканот на Факултетот за музичка уметност – проф. д-р Соња Здравкова Џепароски. Целта на оваа средба беше да се разговара за продлабочување на соработката помеѓу двете високообразовни институции, со акцент на интеграцијата …

Прв академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Прв академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Илјадници студенти денес за прв пат влегоа во академскиот свет, означувајќи старт на новата академска година. По тој повод, на платото на општествениот кампус, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ) организираше свечен настан за добредојде на новозапишаните студенти. Настанот започна со изведба на државната химна, свечената химна на УКИМ, како и студентската химна „Гаудеамус“, во изведба на студентите. Пред присутните се обратија проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“,  Александар Николовски, претседател на УСС …

Призив на Светиот Дух – молебен за успешен почеток на академската година

Призив на Светиот Дух – молебен за успешен почеток на академската година

По повод почетокот на академската 2024/2025 година, на 30 септември 2024 година, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец, беше одржан молебен – Призив на Светиот Дух за успешен почеток на академската година. Со молебенот чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение на деканот на Православниот богословски факултет проф. д-р Дејан Борисов – ѓакон, други професори од Факултетот кои се во свештенички чин, како и свештенослужители при манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец. На чинот присуствуваа проф. д-р Биљана Ангелова …

Молебен за почеток на новата студиска година и призив на Светиот Дух

Молебен за почеток на новата студиска година и призив на Светиот Дух

На 30 септември 2024 година (понеделник), во 11,30 часот, во манастирот „Свети Јован Крстител“ Капиштец, Скопје ќе се отслужи: Молебен за почеток на новата студиска година и призив на Светиот Дух Присуството е задолжително за генерацијата новозапишани студенти 2024/2025, за студентите од сите студиски години, како и за професорите и асистентите. Со редовна настава ќе се започне на 01.10.2024 година.                               Декан              проф. д-р Дејан …

Интерен конкурс за избор на демонстратор од областа Црковно пеење

Интерен конкурс за избор на демонстратор од областа Црковно пеење

Врз основа на член 163 од Законот за високото образование (Сл. Весник 82 од 08.05.2018 година), член 20 и 53 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, член 57 точка 8 од Статутот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, се распишува следниов Интерен конкурс за избор на демонстратор од областа Црковно пеење Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, придружна членка на …