Достоен! – Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски пострижен за монах и ракоположен во јероѓаконски чин
На 27 и 28 мај 2025 година, во манастирот „Свети великомаченик Георгиј“ во Криви Дол, Скопје, се одржаа значајни духовни настани за Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Д-р Ѓоко Ѓорѓевски, редовен професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје и поранешен декан на истиот, прими монашки постриг и беше ракоположен во јероѓаконски чин, добивајќи го името Георгиј. На 27 мај, во навечерието на празникот Оддание на Воскресение, а воедно и денот кога Црквата го слави споменот на светите Гаврил Велички и Ахил …
Вторите Кирило-Методиеви научни средби се одржаа на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје
На 22 мај 2025 година, во организација на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ и Институтот за национална историја, свечено се одржаа Вторите Кирило-Методиеви научни средби. Со својот благослов и присуство, настанот го удостоија Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско- пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар и Неговото Преосвештенство епископот Делчевско-каменички господин Марко. Пред присутните гости најпрво се обрати Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова, која ја …
Вторите Кирилометодиеви научни средби ќе се одржат на 22 Мај на Православниот богословски факултет во Скопје
Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, во соработка со Институтот за национална историја, има чест да ве покани на Вторите Кирилометодиеви научни средби, кои ќе се одржат на 22 мај 2025 година (четврток) на Православниот богословски факултет, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“, со почеток во 10:00 часот. Научните средби се организираат како продолжение на успешно воспоставената соработка меѓу двете институции, со цел понатамошна афирмација и научно проучување на делото и наследството на светите Кирил и Методиј – темели на словенската писменост, култура и …
Меѓурелигиски час: Практична теологија и педагогија на религијата
На 13 мај 2025 година, во рамките на програмата за меѓурелигиска соработка, беше одржан меѓурелигиски час на тема „Практична теологија и педагогија на религијата“, наменет за студентите од Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје и студентите од Факултетот за исламски науки – Скопје. Настанот претставуваше продолжение на долгогодишната соработка помеѓу двата теолошки факултети, организирана со поддршка и активно учество на Фондацијата Конрад Аденауер. Програмата започна со воведни обраќања од претставниците на трите коорганизаторски институции: г. Даниел Браун од Фондацијата Конрад Аденауер, проф. д-р …
Се одржа меѓународната научна конференција „Соборноста и современите предизвици за Црквата“ во организација на Православниот богословски факултет во Скопје
Православниот богословски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје успешно ја организираше Меѓународната научна конференција со наслов: „Соборноста и современите предизвици за Црквата“, која се одржа од 7 до 10 мај 2025 година во хотел „Дрим“ во Струга, по повод 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Никеја. Конференцијата беше отворена на 8 мај со свечено обраќање на Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, кој воедно беше и покровител на овој меѓународен научен настан. Тој, во своето слово, го истакна длабокото значење …






