НАУЧНА ДЕБАТА НА ТЕМА: ПОЛИТИКАТА И РЕЛИГИЈАТА

НАУЧНА ДЕБАТА на тема: ПОЛИТИКАТА И РЕЛИГИЈАТА Организатори: Македонско политолошко друштво Православен богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје       П Р О Г Р А М А 13.12.2018 год. Место: Богословски факултет – Скопје    10.00     Поздравни обраќања на научната дебата: Проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, М-р Даријан Сотировски, Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Проф. д-р Ѓоко Ѓоргевски Декан на Православниот богословски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и …

Средба на студентите од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки

“Улогата на високообразовните институции во едукацијата на младите: Фокус-Религија” беше темата на средбата на студентите од Православниот богословски факултет “Свети Климент Охридски” – Скопје и Факултетот за исламски науки. Настанот беше организиран од страна на фондацијата Конрад Аденауер, а се одржа во нивните простории на  19 ноември 2018 година.  Воведен збор  имаа Јоханес Д. Раи од Фондацијата Конрад Аденауер, потоа  проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот  богословски факултет и проф. д-р Шабан Сулејмани, декан на Факултетот за исламски науки – Скопје. Во рамките на …

Посета на Јан Фигел, специјален пратеник на Европската комисија, на Православниот богословски факултет

На 16 ноември 2018 година, во просториите на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, беше одржана средба на проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Факултетот со господинот Јан Фигел, специјален пратеник на Европската комисија. На средбата се разговараше за местото и улогата на религијата во современото општество, како и за придонесот којшто верските заедници во Република Македонија може да ѝ го понудат на Европа, посебно преку позитивното искуството на долгогодишниот и квалитетен меѓурелигиски дијалог.

Посета на Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје

На 31. 10. 2018 година, студентите од прва година на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје, ја посетија Националната универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ каде се одржа претставување на библиотичниот фонд и беа претставени стари ретки црковнословенски ракоиси. Потоа тоа беше одржан отворен час по предметот философија во холот на библиотеката. Благодарност до НУБ за гостопримството и одличниот прием.    

Молебен за почетокот на новата академска година

На 30.09.2018 во храмот Свети Јован Крстител се служеа Света литургија и Молебен за почеток на новата академска година, на кои чиноначалствуваше неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. На молебниот присуствуваа ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на православниот богословски факултет „свети Климент Охридски“ во Скопје проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, почесниот конзул на руската федерација проф. д-р Велимир Стојковски, членови на Македонската академија на науките и уметностите, професори и студенти од Православниот богословски факултет и од Универзитетот. По молебниот, …