Студенти од Православниот богословски факултет учествуваа на Третата Демирхисарска летна школа

Од 7 до 13 јули 2018 година се одржа Третата Демирхисарска летна школа. Демирхисарската летна школа како проект започна пред две години, а нејзина цел е истражување, афирмација и промоција на културното и духовното наследство во демирхисарско, со особен акцент на Слепченскиот манастирот „Свети Јован Претеча“. Третата Демирхисарка летна школа се реализира со цел продолжување на долгорочните планови и активности на локалната самоуправа на општина Демир Хисар, а со финансиска поддршка на Министерството за култура и Слепченскиот манастирот „Свети Јован Претеча“, како и со партнерство …
Меѓурелигиски форум на тема: „Местото и улогата на религиозната жена во општеството“
Книгата „Лекување на раните од траума: Како Црквата може да помогне“

Книгата Лекување на раните од траума: Како Црквата може да помогне од авторите Хариет Хил, Маргарет Хил, Ричард Баге и Пат Миерсма има за цел да ги обучи црковните лидери да им помогнат на верниците кои доживеале траума. Книгата, исто така, може да им помогне и на семејствата или поединците кои се соочуваат со страдање. Секоја лекција дава основни принципи на пастирско советување во библиска рамка. Оваа книга е преведена на 157 јазици, а на македонски јазик ја преведе Анета Јовковска и може бесплатно …
ПОСЕТА НА ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ ОД СТРАНА НА СТУДЕНТИТЕ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ИСЛАМСКИ НАУКИ

На 17 декември 2018 година на Православниот богословски Факултет „Св. Климент Охридски” – Скопје се одржа втората средба од Меѓурелигискиот час за студиската 2018/2019 година, проект поддржан од фондацијата Конрад Аденауер. Во присуство на студенти и професори од Православниот богословски факултет и Факултетот за исламски науки, на овој час предавање имаше протоѓакон проф. д-р Ратомир Грозданоски на тема Значењето на Светото писмо за христијаните. Потоа гостите беа запознаени со работата и активностите на Факултетот, по што беше посетена и манастирската црква „Свети Јован Крстител“ – Капиштец.
Научна дебата на тема „Политиката и религијата“

Македонското политолошко друштво и Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, на 13.12.2018 година во салата на Православниот богословски факултет организираа научна дебата на тема „Политиката и религијата“. Воведничари на научната дебата беа: митрополит европски г. Пимен, проф. д-р Цане Мојаноски, Факултет за безбедност – Скопје, проф. д-р Хасан Џило од Факултетот за исламски науки и проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ, Продекан на Богословскиот факултет – Скопје. Свои излагање на дебатата имаа и повеќе професори од академската заедница во Република Македонија меѓу кои проф. д-р Александар Спасеновски, …