Меѓурелигиска училница: Учете едни од други за да живеете заедно!

На 17 мај 2023, Фондацијата Конрад Аденауер, во соработка со Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ и Факултетот за исламски науки од Скопје, го организираше настанот „Меѓурелигиска училница“. На овој настан учествуваа студентите од теолошките факултети и други заинтересирани граѓани, со цел да се поттикне значајна размена на идеи и искуства. На меѓурелигискиот час беа присутни дваесет  студенти од Факултетот за исламски науки во Скопје и Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје. Настанот започна со обраќање на претставникот од Конрад Аденауер г. Роберт …

Конкурс за запишување на редовни и вонредни студенти во I година додипломски студии во академската 2024/2025 година

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува Конкурс за запишување на редовни и вонредни студенти во I година додипломски студии во академската  2024/2025 година   Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура. државна или меѓународна. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго четиригодишно средно образование. Сите кандидати освен богословите, полагаат и приемен испит. Доколку на конкурсот се пријават поголем број од предвидениот број кандидати, селекцијата ќе …

Научниот колоквиум во Охрид ги отвори вратите за понатамошна меѓународна соработка на академско ниво

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје во соработка со источно црковниот институт од Германија (Тhe Institute for Eastern Churches of the Diocese of Regensburg) реализираа научен колоквиум од 05-09.06.2024 година во Охрид, во хотелот „City Palace“.На научниот колоквиум земаа учество деветнаесет професори од Македонија, Словенија, Италија, Германија и Грција. За целокупната реализација на научниот колоквиум беше особено ангажирана деканската управа на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ од Скопје, во состав на деканот проф. д-р Дејан Борисов и продеканите – проф. д-р Виктор Недески и проф. д-р Дарко …

Научен колоквиум во Охрид, 5-9 јуни 2024 година

Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“, Скопје во соработка со Источно-црковниот институт од Регенсбург организира „Научен колоквиум“ од 5 до 9 јуни во хотелот “City Palace” во Охрид. На настанот ќе земат учество професори од Православниот богословски факултет во Скопје, како и еминентни професори од странство. Листата на учесници на овој научен колоквиум и темите на кои ќе имаат излагање е достапна на следниов линк.   Листа на учесници на научниот колоквиум 2024 – Oхрид

Награда за фер плеј освои студентскиот спортски тим од Православниот богословски факултет на Универзитетските спортски натпревари при УКИМ

Со поддршка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Ректорот, Ректорската Управа, Деканите, Менаџментот на УКИМ и Студентското собрание, во техничка организација на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Универзитетскиот спортски сојуз на УКИМ и оваа година се оддржаа традиционалните Универзитетски спортски натпревари на УКИМ во мал фудбал и кошарка. Универзитетските спортски натпревари на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје започнаа на 04.12.2023 година, а финалните натпревари за прво место во екипни спортови се оддржаа на 27.05.2024 година. На натпреварите, оваа …