Молебен за почетокот на новата академска година

На 30.09.2018 во храмот Свети Јован Крстител се служеа Света литургија и Молебен за почеток на новата академска година, на кои чиноначалствуваше неговото блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. На молебниот присуствуваа ректорот на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, деканот на православниот богословски факултет „свети Климент Охридски“ во Скопје проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, почесниот конзул на руската федерација проф. д-р Велимир Стојковски, членови на Македонската академија на науките и уметностите, професори и студенти од Православниот богословски факултет и од Универзитетот. По молебниот, …

Конкурс

KОНКУРС ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young art 2018 на која Агенцијата ги повикува сите млади визуелни уметници и групи да поднесат свои авторски дела, согласно со утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки: 1. Авторите да се на возраст од 15 до 29 години 2. Доставените дела да се од следниве дисциплини: Сликарство (со димензии не поголеми од 200х200 см)~ Скулптура (со димензии не поголеми од 200х200×200 см)~ Графика (со димензии не поголеми 100х70)~ Графички дизајн (плакат)~ …

Покана

Почитувани професори,  колеги и студенти,  На 30 септември 2018 година (недела), со почеток во 9 часот ќе се богослужи Божествена Литургија во манастирот „Свети Јован Крстител“ – Капиштец,  а потоа ќе се отслужи ПРИЗИВ НА СВЕТИОТ ДУХ  Срдечно Ве покануваме и искрено се надеваме дека ќе го збогатите овој свечен настан со Вашето присуство.   Д Е К А Н НА ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ Проф. д-р Ѓоко ЃОРЃЕВСКИ

Академик Владета Јеротиќ (1924 – 2018)

Со жалење ја пренесуваме веста дака пред два дена се упокои во Господа еден од најголемите современи православни мислители, познатиот српски психијатар и поранешен професор на Православниот богословски факултет во Белград и член на Српската академија на науките и уметностите, Владета Јеротиќ. Академикот Јеротиќ беше голем и искрен пријател на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и на нашиот Православен богословски факултет. Долгогодишните лични пријателства и неговото нескриено воодушевување од автентичната православна култура на Македонија приведоа кон неговото гостување на православниот богословски факултет „Свети Климент …

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ПРИЕМНИОТ ИСПИТ ЗА ПРВИОТ УПИСЕН РОК

ИЗВЕСТУВАЊЕ ОД ПРИЕМНИОТ ИСПИТ ЗА ПРВИОТ УПИСЕН РОК НА ПРАВОСЛАВНИОТ БОГОСЛОВСКИ ФАКУЛТЕТ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ  ЗА 2018/2019 ГОДИНА Кандидати кои го положија приемниот испит: 1.Данаил Данаилов – Повардарска епархија (95 поени) 2.Глигор Тасев – Скопска епархија (86 поени) 3.Никита Јанев – Брегалничка епархија (84 поени) 4.Давид Стојановски – Скопска епархија (75 поени) 5.Ивица Давидовски – Скопска епархија (74 поени) 6.Филип Иванишевиќ – Европска епархија (68 поени) 7.Спас Пиличков – Повардарска епархија (56 поени) 8.Слободан Темелковски – Европска епархија (55 поени)