К О Н К У Р С за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската 2018/2019 година

Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува К О Н К У Р С за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската  2018/2019 година   Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура, државна или меѓународна. На Факултетот може да се за запишат и кандидати кои завршиле гимназија и положиле училишна матура. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго средно образование, но само …

Стиденти од Теолошкиот факултет учествуваа на Втората Демирхисарска летна школа

Од 7 до 14 јули 2018 година се одржа Втората Демирхисарска летна школа. Демирхисарската летна школа како проект започна минатата година, а нејзина цел е истражување, афирмација и промоција на културното и духовното наследство во демирхисарско, со особен акцент на манастирот „Свети Јован Претеча“ во село Слепче. Втората Демирхисарка летна школа се реализира со цел продолжување на долгорочните планови и активности на локалната самоуправа на општина Демир Хисар, а со финансиска поддршка на Министерството за култура, како и со партнерство на: Центарот за истражување на …

Посета на Богословскиот факултет од страна на директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи

На ден 10. 07. 2018 година, директорот на комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи м-р Даријан Сотировски оствари работна средба во просториите на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“, каде се сретна со деканот проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, продеканот за меѓународна соработка проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ и сенаторот при УКИМ проф. д-р Дејан Борисов. На средбата се разговараше за развојот на академската заедница во современи услови, како и за идните предизвици на кои треба државата заедно да работи со научните институции.

Започнати предавањата на Вториот циклус на студии по теологија

На 03.02.2018 година, Деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и раководителот на Вториот циклус студии проф. д-р Ацо Гиревски ги започнаа предавањата со третата генерација постдипломци на Вториот циклус студии по теологија. Запишани магистранти од третата генерација се: Николај Киранџиќ, Бобан Митевски, Методија Митановски, Васко Костов и Јован Јовановски.

СТАВ

СТАВ на Наставно-научниот совет при Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје по однос на Предлог-закон за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција) на Владата на Република Македонија   На 06 декември 2017 Владата на Република Македонија усвои Предлог-закон за ратификација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, позната како Истанбулска конвенција. Конвенцијата е донесена на 11. мај 2011, а …