Во рамките на часовите Философија, на 03.12.2025 гостин предавач беше д-р Стјепан Штивиќ, истражувач на Теолошкиот факултет при Универзитетот во Љубљана, ангажиран во Центарот за вештачка интелигенција насочена кон човекот и за етиката на новите технологии. Во неговото предавање на тема „Киборгот – човек, машина или нешто трето?“, се говореше за етичките аспекти на „надградувањето“ на човекот преку користење на новите технологии – тема која станува сè поактуелна во современата медицинска теорија и практика.
Од 25 до 27 ноември 2025 година на островот Крф, под покровителство на Митрополитот Нектариос и во соработка со манастирот Ватопед, се одржа осмиот симпозиум на IAODT на тема „Символот на верата како поука на верата“. Настанот беше посветен на 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Никеја. На симпозиумот учествуваа 22 професори од 7 земји. Учесниците имаа можност да се поклонат пред моштите на свети Спиридон Тримитундски, учесник на Соборот во Никеја, како и да сослужуваат на светата Литургија во храмот „Свети Спиридон“. На отворањето …
Светиклиментовиот научен собир, како годишна конференција на Православниот богослвоски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, има за цел интердисциплинарно вмрежување на современата македонска теологија со другите науки кои се изучуваат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, како и на другите македонски универзитети и научни установи. Во центарот на вниманието на годинашниот, деветти по ред, Светиклиментов научен собир стои прашањето за допирните точки меѓу теолошката наука и современите технологии. Пред сѐ, станува збор за односот кон дигитализацијата и вештачката интелигенција – кои може да бидат предмет …
На 28 ноември 2025 година (петок), со почеток во 12:15 часот, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“ се одржа предавање на тема: „Уникатната философска синтеза на свети Максим Исповедник“. Гости предавачи беа д-р Сотирис Миталексис – професор на Универзитетскиот колеџ Лондон и Институтот за православни христијански студии, Кембриџ и д-р Дионисиос Склирис – професор на Богословскиот факултет при Универзитетот во Атина. Предавањата се одржаа во рамките на часовите по предметите Философија и Православно богословие на XV-XXI век. Видео запис од предавањето е достапно на следниот линк: https://youtu.be/5kjFMpfceV0
Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ – Скопје со особено задоволство го најавува претстојното предавање на тема: „Уникатната философска синтеза на свети Максим Исповедник“. Истото ќе се оддржи на 28 ноември 2025 година (петок), со почеток во 12:15 часот, во свечената сала „Архиепископ Доситеј“. Гости предавачи ќе бидат д-р Сотирис Миталексис – професор на Универзитетскиот колеџ Лондон и Институтот за православни христијански студии, Кембриџ и д-р Дионисиос Склирис – професор на Богословскиот факултет при Универзитетот во Атина. Срдечно ве покануваме да присуствувате на овој настан …